Со најновите 46 починати од Ковид 19, Македонија достигна вкупно 2023 починати. Со оглед на фактот дека официјално Македонија има два милиони жители, имаме 1 011 мртви на еден милион (бројот веројатно е поголем поради иселените).
Со тоа, Македонија се најде на третото место во Европа по смртност на еден милион жители. Пред нас се само Белгија со неверојатни 1 508 починати од Ковид 19 на еден милион жители, потоа следи Италија со 1 022 почианти на еден милион и потоа избиваме на бронзеното трето место со 1 011 мртви. Следи Шпанија со 1 005 починати, така што со оваа земја ќе водиме мртва трка за црниот рекорд во наредните денови, а потоа сите други.
Во светски рамки, пред нас на оваа табела се наоѓа само Перу со 1 097 мртви од Ковид 19 на еден милион жители.
Заде нас остануваат „хаотичните“ САД и Велика Бртанија и сите други западни земји. Зад на останува и Шведска со 700 мртви на еден милион жители, иако за разлика од нас не применуваше рестриктивни мерки.
Во Европа, најмалку мртви од Ковид 19 има Кипар со 56 починати ан еден милион, Норвешка со 66 починати на еден милион, Финска со 78, Иланд со 82, Естонија со 105 итн.
На Фолкландските Острови и на Гренланд, нема починати од Ковид 19, н о тие не влегувата во категоријата држави бидејќи не се тоа.
Австралија каде за справување со САРС КОВ 2 и лечење на Ковид 19 се употребува лекот ивермектин има 35 мртви на еден милион жители.