Ова е новиот тревник на Петре Шилегов на плоштадот Македонија во центарот на Скопје.
Веќе не се ни сеќаваме колку чинеше, ама беше прилично скап.
Вака изгледа овие денови, а Фејсбук мајтапчиите веќе го крстија „Плоштад Покошено сено“. Да беше оваа фотографија во некои други времиња, можеби ќе послужеше и како мотив за оние славни гоблени кои ги везеа наши мајки и баби. За да остане спомен за ова „грандиозно“ дело на скопскиот кмет!