Километарски колони возила има за влез во Македонија преку граничниот премин Табановце, јавуваат националните медиуми.
Според неофицијални информации вечерва специјалци спроведувале акција за апсење на полициски службеници од граничниот премин, информација која МВР официјално ја нема потврдено.
Во медиумите се шпекулира дека МВР во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка истрага на Табановце, а опфатени се полициски и царински службеници од преминот во врска со индиции за коруптивни дејства.
Како што јавува телевизија Сител, повеќе од три часа не е пропуштено ниту едно возило.