Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков и директорот ја јавното претпријатие Комуналец Гевгелија, Златко Зумров денеска беа во обиколка и увид на системот за водоснабдување на Гевгелија преку кој се снабдуваат со чиста и здрава вода околу 16.000 жители од гевгелискиот регион.
Во рамки на увидот на бунарите и системот за водоснабдување, градоначалникот Поцков посочи дека е решен долгогодишниот проблем на гевгеличани со водоснабдувањето и присуството на арсен во водата за пиење, сериозен проблем за кој алармираа граѓаните уште од 2012 година и е основа за изградба на целосно нов систем за водоснабдување кој денеска ги снабдува граѓаните со чиста, здрава и питка вода.
Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев, информираат од владината прес-служба, имаа прилика да ги посетат просториите во кои се наоѓаат пумпите и системите за регулација и се информираа за проектот, изградбата и перформансите на системот за водоснабдување, како и механизмите за контрола и регулација со кои е решен проблемот и обезбедена чиста вода за пиење за Гевгелија и околните села.