Ликовната изложба „Три генерации Трајковски“ на академскиот уметник Новица Трајковски е отворена во галеријата на Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден.
Љубителите на ликовната уметност имаат можност да погледнат околу 70 уметнички дела насликани од Новица Трајковски и од неговите тројца наследници од семејството.
Како што информира Општина Илинден, во рамки на изложбата беше промовирана и првата монографија на Новица Трајковски во која е собрано голем дел од ликовното творештво од последните неколку години на уметникот. Монографијата е издадена под покровителство на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.
Градоначалникот Георгиевски, кој ја отвори изложбата, изрази благодарност до академскиот сликар Новица Трајковски за неговиот придонес во развојот на културата и уметноста во Општина Илинден. Тој, како што рече, е поттик и за многу други уметници да одат по неговиот пат.
-Во однос на монографијата, Новица е вистинската личност за оваа монографија затоа што има огромно ликовно творештво зад себе. Општина Илинден како голем поддржувач на културата, ќе продолжи и понатаму со поддршка, потенцирал Георгиевски.
Сите љубители на уметноста можат да ја посетат оваа изложба до 15 јануари 2025 година.
Фото: Општина Илинден