Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 25-годишниот Б.А. од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и 20-годишниот М.Г. и 19-годишниот А.Г., двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 17.05.2020 во 23:50 часот во двор на ул.,,Г.А.Гочо“, Б.А. со употреба на физичка сила спречил полициски службеник во постапување по пријава за нарушен јавен ред и мир со пуштање гласна музика, додека М.Г. и А.Г. со секири упатиле закани кон полициските службеници.