МВР информира дека вчера во 19:50 часот во СВР Скопје, В.В. од село Бардовци, скопско, пријавил дека околу 16:00 во дворот од семејната куќа настанал пожар во патничкото возило „мерцедес“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот.