Пет нови случаи на нападнати граѓани од кучиња се регистрирани денеска, од кои во четири случаи од улични и еден од кучиња со сопственик.

На 03.06.2020 во 21.35 часот во СВР Скопје, С.П.Ф.(64) од Скопје пријавила дека на бул.„АВНОЈ“ била касната од куче скитник.

На 03.06.2020 во 18.00 часот во СВР Скопје, Н.Ј.(26) од Скопје пријавила дека на ул.„Кичевска“ била касната од куче скитник.

На 03.06.2020 во 09:10 часот во Полициската станица Аеродром С.Д.(65) од Скопје пријавила дека на ул.„Бојмија“ била касната од кучиња скитници.

На 03.06.2020 во 10:50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров А.С.(79) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник.

На 03.06.2020 во 16.10 часот во СВР Скопје, Б.Б.(28) од Скопје пријавил дека во село Патишка Река бил каснат од кучиња, сопственост на Б.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.