Три медицински сестри од ГАК позитивни, двајца доктори и директорката во изолација!

/ 22.10.2020

Три медицински сестри од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се позитивни на Ковид-19. Се заразиле преку семеен контакт, а двајца доктори меѓу кои директорката на Клиниката, Викторија Јовановска се во самоизолација поради заболени членови на нивните семејства.

Ова за МИА денеска го потврди директорката Јовановска, која рече дека трите медицинските сестри се заразиле преку контакт од надвор, односно семеен контакт, а не на Клиниката.

– Ние двајцата доктори сме во самоизолација, не сме со решение, туку сме во самоизолација поради тоа што во семејствата имаме повеќе од тројца заболени. Се тестиравме и јас и докторот сме негативни. Мајка ми, сестра ми и внучето ми се позитивни и уште две внучиња од сестра ми се позитивни. Јас не сум имала контакт со медицинските сестри. И членови на семејството на лекарот исто така се позитивни. Поради тоа сме во самоизолација, посочи д-р Јовановска.

Додаде дека на Клиниката сите ги почитуваат протоколите за носење лична заштитна опрема.

– Во овие седум месеци никој не се заразил на Клиниката. Нема никаква опасност да се заразат пациенти и персонал. Од понеделник уште еднаш ќе се тестираме, да имаме негативен тест и ќе одиме на работа, додаде д-р Јовановска.


Од истата категорија