Предолзите пензионираниот судија Бранко Секуловски од Гостивар и штипјанецот Тодор Витларов не добија мнозинство во Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата да продолжат како кандидати за уставни судии. Опозицијата ги предложи и бранеше, владеачкото мнозинство во комисијата молчеше и гласаше против.

Дајте да го смениме законот и судиите да ги гласаме со двотретинско мнозинство. Дајте да направиме систем. Систем кој ќе ја кочи власта на илинденска. Да изградиме систем по заслуги, завшри со долгото излагање Пренџов. Дебатата продолжи за следниот предлог, пензионираниот судија Бранко Секуловски од Гостивар. И овој кандидат добива поддршка од опозицијата, но не и поддршка од мнозинството.

Комисија за прашања на изборите и именувањата не го утврди и предлогот на опозицијата Воислав Димовски да биде избран за судија на Уставниот суд.

Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков забележа дека се врши крајна партизација на судството и оти изборот на судии не се врши во Собрание, туку тоа е веќе договорена работа. Тој рече дека во салата не се присутни членовите на Комисијата од мнозинството за да се соочат со прашањето кој ги исполнува критериумите за истакнат правник а кој не.

– На наши неброени прашања, според кои критериуми беше избрана Татјана Васиќ, а судијата Тодор Витларов, со долгогодишно судско искуство, не беше избран, не добивме одговор. Ние предлагаме кандидати како Воислав Димовски, Витларов, за да бидат контраст на оние кои ги предлага мнозинството. Татјана Васиќ, без судско искуство, била советник во Министерството за здравство, подоцна во Министерството за правда. Додека таа беше советник во Министерството за здравство, многу од законите предложени од тоа Министерство овде беа турнати, рече Лефков.

Комисија за прашања на изборите и именувањата расправата за уставните судии треба да ја продолжи в понеделник.

Пратениците од владечакото мнозинство во салата регира на намерно одолговлекување на расправата.Пратениците досега дадоа поддршка за кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, кои како и републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, се предложени од владејачките партии.