Пратеникот во Врховната Рада на Украина, Олексеј Гончаренко, соопшти дека за време на преговорите за извоз на жито, страните се договориле да деблокираат три украински пристаништа и да извезуваат производи од нив.

– Според моите информации, претставници на Украина, Турција, Русија и ОН се договориле за можноста за деблокирање на нашите три пристаништа за товарење за време на преговорите за продолжување на извозот на украинското жито преку Црното Море. Станува збор за Одеса, Чорноморск и Јужни, напиша Гончаренко на Телеграм.

Според него, житото се планира да се извезува од украинските пристаништа во конвои под услов прекин на огнот во географските граници и некои операции за деминирање.