На иницијатива на премиерот Зоран Заев денеска ќе се одржи трибина на тема „Патот на (Северна) Македонија до независноста“.
Покрај Заев, на трибината ќе се обратат и Стојан Андов, Љубчо Георгиевски, Васил Тупурковски, Љубомир Фрчкоски, Ѓулистана Марковска, Насер Зибери, Џевдет Хајредини, Мухамед Халили, Денко Малески.
Трибината, како што соопшти владината прес-служба, е по повод 30 години независност.