Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент.
Во последните 24 часа, како што соопшти Министерството за здравство, се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на КОВИД-19, во: Скопје-39, Куманово-10, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-8, Струга-6, Битола-3, Охрид-2, Гостивар-13, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-18.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 161 оздравени пациенти од: Скопје-60, Куманово-7, Прилеп-4, Тетово-3, Струга-15, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-7, Гостивар-35, Радовиш- 1, Крушево-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Кратово-2, Свети Николе-13, Кичево-5, Ресен-1.
Почината е една пациентка од Скопје во болнички услови, која имала 51 година.
Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.083, бројот на оздравени пациенти е 8.248, на починати е 529, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.306.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5207, активни 1157
• Куманово 1173, активни 266
• Дебар 219, активни 128
• Штип 988, активни 342
• Прилеп 346, активни 38
• Тетово 1099, активни 175
• Струга 485, активни 151
• Велес 238, активни 26
• Битола 169, активни 76
• Охрид 301, активни 75
• Кавадарци 126, активни 97
• Гостивар 585, активни 285
• Гевгелија 25, активни 14 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 41, активни 25
• Крива Паланка 29, активни 15
• Радовиш 36, активни 11
• Крушево 16, активни 3
• Кочани 115, активни 26
• Пробиштип 64, активни 18
• Демир Хисар 47, активни 33
• Македонски Брод 55, активни 42
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 9, активни 5
• Валандово 7, активни 1
• Виница 36, активни 32
• Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 15, активни 3
• Свети Николе 244, активни 103
• Кичево 219, активни 133
• Ресен 146, активни 11
• Неготино 32, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Од направените 1.885 теста, преку ИЈЗ се 814, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-161, Биотек-202, МАНУ -128, Жан Митрев (Филип Втори)-191, Систина со PCR метода -255, Судска медицина -8, ЦЈЗ Битола-68, Инфективна клиника-24, ГАК-10. Досега во земјата се направени вкупно 11.7475 тестирања на КОВИД -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 25 пациенти, а нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и четири деца позитивни на вирусот и еден пациент суспектен на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ во Скопје примени се 12 нови, а вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На респираторна машина се шест пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 127 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.