Руската амбасада во Рим соопшти дека околу 30 луѓе, меѓу кои и руски навивачи кои оделе кон „Олимпико“ се повредени при дефект на подвижните скали во метро станицата. Осум лица се со сериозни повреди, а според италијанските медиуми, на еден руски навивач му е ампутирана една нога.
Ова е епилогот од инцидентите синоќа во главниот град на Италија каде се играше натпреварот од фудбалската Лига на шампиони меѓу Рома и ЦСКА Москва.
Тамошната полиција има легитимирано неколку осомничени лица за нападот со нож и тепачката што се случија на мостот до стадионот, односно на плоштадот „Манчини“.
Big group of Russian CSKA football team fans got into an accident in Rome subway. The escalator went mad all of a sudden pic.twitter.com/zXMZxDcrRm
— English Russia (@EnglishRussia1) October 23, 2018