Кошаркарот на Детроит Пистонс, Блејк Грифин постигна 50 поени во победата остварена ноќеска над Филаделфија по продолжение со резултат 133:132.

Грифин во финишот на основните 48 минути успеа да изедначи на 120:120 за продолжение, а во дополнителното време погоди под фаул на две секунди пред крајот и обезбеди триумф за својот тим.

Покрај рекордните во неговата кариера 50 поени, Грифин мечот го заврши и со 14 скока и шест асистенции.

За Детроит ова беше трета победа во третиот натпревар оваа сезона, додека Филаделфија е на половичен биланс од две победи и два пораза.