Денеска македонскиот премиер Зоран Заев во Софија се сретна со луѓе кои не се ништо, изјави лидерот на бугарската партија „Има таков народ“ Слави Трифонов на средбата со студенти во Пловдив.

-Денес, Зоран Заев се состана со Бојко Борисов и Корнелија Нинова.Тој (Заев) мораше прво да се види со претседателот и премиерот – посочи Трифонов.

Тој додаде дека Македонија не може да започне преговори без да го исполни „потребното“.

-Се додека Бугаринот не е спокоен во врска со својата историја, што е РСМ, нашето мислење ќе биде исто како и на сите Бугари – рече лидерот на партијата која заедно со ГЕРБ на Бојко Борисов е фаворит за победа на следните парламентарни избори.

Инаку, Заев се сретна со предводниците на бугарската политичка елита, вклучително и со привремениот премиер Стефан Јанев, кој посочи дека македонскиот премиер дошол со конкретен предлог што ќе биде разгледан во текот на следните денови.