Една од главните точки во програмата на неговата влада, како што најави лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов, е испраќање на најмалку двајца бугарски астронаути во НАСА.
-Тие мора да бидат маж и жена. А идната бугарска влада ќе се обиде да приклучи и астронаут од С. Македонија, најави Трифонов.
Неговата партија по синоќешните парламентарни избори во Бугарија има најмногу освоени гласови, па останува да се види дали Трифонов ќе состави Влада.
Покрај тоа, во програмата на ИТН пишува дека партијата на шоуменот ќе ја внесе Бугарија во Европската вселенска агенција. Бугарија е единствена членка во ЕУ што не е членка на агенцијата.
Според последните резултати, „Има таков народ“ ќе има 65 пратеници, а ГЕРБ на Бојко Борисов ќе биде застапен со 63.
Трифонов во денешното телевизиско гостување рече дека за премиер ќе го прелдожи 52-годишниот економист Николај Василев.