Невообичаен почеток на летото во Словенија – на планинскиот врв Кредарица утринава паднал снег.
Медиумите објавуваат дека врвот кој се наоѓа на 2.515 метри, како и тамошните објекти се под бела снежна покривка.
Босанскиот портал Кликс, пренесувајќи ја веста, наведува дека иако летото календарски дојде, сепак на целиот Балкан температурите се многу пониски отколку вообиачено. Бури и обилни врнежи се забејежани од Грција, до Словенија.
И во наредните денови се очекува слично време, со облаци и дожд, некаде ќе има бури. Ладниот воздух доаѓа од североисток.
Според порталот, и јули се очекува да биде променлив, а додека тропските температури се најавуваат за во август.