Трилатералниот состанок на претседателите на Русија, Турција и Иран посветен на Сирија ќе се одржи во Техеран, наместо во Тебриз каде што првично беше закажан.
– Датумот останува непроменет, тоа е 7 септември, изјави иранскиот амбасадор во Анкара Раза Хакан Текин.
Иранскиот амбасадор ја даде изјавата по вчерашната средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф во Анкара, на која главна тема била состојбата во Сирија.
Иранскиот министер за надворешни работи, исто така, се сретна и со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.
На самитот на 7 септември во Техеран ќе учествуваат претседателите Владимир Путин, Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани. Ова ќе биде трета средба за Сирија, што ја одржуваат претседателите на трите држави. Првиот состанок се одржа во Сочи, а вториот во Анка