Јужна Кореја и Русија се договорија дека ќе воспостават директна комуникациска линија помеѓу воено воздухопловните сили на двете земји, соопшти денеска јужнокорејското Министерство за национална одбрана.

Договорот е постигнат во вторникот, на средбата во Москва помеѓу јужнокорејскиот заменик министер за национална одбрна Сео Џу-сеок и неговиот руски колега Александар Фомин.

Руското Министерство за одбрана претходно сооопшти дека „страните разговарале за безбедноста во Пацифичкиот огнен прстен и североисточна Азија, како и за билатералната соработка помеѓу Русија и Јужна Кореја во сферата на одбраната.

Сео ја повика Русија да ги поддржи дипломатските напори насочени кон целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Фомин истакна дека Москва ги го поддржува Сеул за постигнување на мир и стабилност во регионот.