На Европската унија и се потребни стратешки односи, меѓу останатото во сферата на одбраната, со најблиските соседи за да се овозможи поголема стабилност, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој оцени и дека ЕУ би требало да ги модернизира своите односи со Русија во периодот после Студената војна.

– Во наш интерес е ЕУ да има стратешки односи со Турција, како и со Русија. Односи кои носат стабилност, кои ќе бидат долгорочни и ќе донесат сила и поврзаност, истакна Макрон на прес-конференција во Хелсинки, каде имаше средба со финскиот колега.