Трип-Едвајзер објави нова годишна листа градови во светот кои нудат најдобар избор на храна, и највисоки оценки имаат Рим и Фиренца. Топ 10 листата е составена на основа на коментарите на читателите на интернет страницата.
„Вечниот Град“ Рим е преполн туристи во секое годишно време, а на врвот од оваа листа се најде поради слаткарниците. Вториот град на списоков се наоѓа, повторно, во Италија, а тоа е Фиренца. Тука најдобро ќе ве нагостат во трговскиот центар Меркато Централе, но и на прошетките низ селата околу градот.
По нив следат Париз, Франција, и шпанската Барселона, главно поради традиционалните кујни. А, по нив – американските Њу Орлеанс и Њујорк. На седмо место е италијанска Венеција, идеална локација за љубителите на вино, морски плодови и, секако – тестенини.
Осми на листата е Мадрид, каде што во Меркадо де Сан Мигел, на пример, туристите може да уживат во типичниот шпански тапас и во најразлични вина.
На деветто место е Токио, а 10-ти е Бангкок, најпознат по својот „уличен избор“ на тајландски јадења.