Најновиот видео запис на Каролина Гочева за песната „Бели цветови“ е објавен вчера. Оваа песна е дел од албумот „Извор“.

Спотот се снимаше на повеќе локации низ Скопје, во режија на Чедо Поповски.

За новиот спот Каролина вели:

-Драги мои, со задоволство ви го претставувам видеозаписот за највеселата песна од албумот, „Бели цветови“. Се надевам дека нашава убава приказна дополнително ќе ви ги разубави овие последни сончеви денови. Уживајте!“