Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Прилеп посети тутунопроизводител при што разговараа како помина минатата реколта и за подготовките за идната реколта 2025.
-Во текот на вчерашниот ден ги исплативме субвенциите за реколта 2024 година, станува збор за околу 40 милиони евра субвенции кои што легнаа на сметка на околу 14.500 тутунопроизводители од цела држава. Ова е една рекордна на исплата на субвенција по однос на произведен килограм тутун, истакна министерот Трипуновски.
Министерот додаде дека целата реколта изнесуваше 24 милиони килограми што е рекордно зголемување во однос на минатата година. Оваа исплата и откупна сезона докажаа дека Владата и Министерство го реализираат ветеното.
-Го вреднуваме трудот на македонскиот земјоделец, субвенциите ќе се исплаќаат редовно, појасни тој.