Цветан ТРИПУНОВСКИ

Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски се чист пример на неспособност и неработење. Денешната прес конференција која помпезно беше најавена, чиниш ќе кажеа дека се прифаќаат барањата на оризопроизводителите од кочанско кои деновиве протестираа поради лошата откупна цена на оризот, на јаболкарите од ресенско, на лозарите од Тиквешко, на млекопроизводителите, тие најавуваат нов метод на субвенционирање кое притоа ќе почне во 2023 година.Ништо суштинско.Всушност што друго може да се очекува од премиер и министер како Ковачевски и Николовски кои во ек на криза економска и енергетска, додека земјоделците едвај преживуваат, тие построшија скоро половина милион евра за саем на вино во Белград.Затоа, залудни се обидите на Ковачевски и Николовски преку паушани прес конференции да ги излажат и изманипулираат земјоделците, прочитани сте. Земјоделците веќе не ти веруваат, и Вие го знаете тоа затоа бегате од одржување на предвремени парламентарни избори.Но, кога тогаш ќе се случат, а тогаш народот ќе ве казни за негрижата и неспособноста

https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/posts/pfbid0a8USWdEgMRH3YGWZTTU48UGLPJzo8NVo1o6z655wEtiDoPjiApG33ZZEu1v1aTVXl