ТРИПУНОВСКИ: СДСМ со делење картички за зелена нафта, спротивно на законот, се обидува да ги поткупи и земјоделците

/ 13.07.2020

Дополнителниот заменик министер во МЗШВ, Цветан Трипуновски, објави дека СДСМ делеле картички за зелена нафта што е спротивно од законот.

– Денеска СДСМ се обидува да врши масовен поткуп на земјоделци. На ангро се делат картички за зелена нафта што е спротивно на член 8-а, став 1, алинеја 2 од Изборниот законик и член 43 од Законот за спречување корупција и судир на интереси. Власта прави кривично дело за кое ќе одговара. Земјоделците не се мали деца кои ќе се излажат со лижавче. Ги повикувам земјоделците да не подлегнуваат на притисоците и поткупот без разлика од кого доаѓа, објави Трипуновски на својот профил на Фејсбук.

Претходно и министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, објави сличен статус за обид за изборен поткуп.


Од истата категорија