Нема крај на лагите на Зоран Заев. Тутунарите се излажани по трет пат. Нема решение за ниската откупна цена и слабиот откуп на тутун, изјави денеска поранешниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски.

Во продолжение целото соопштение од неговата реакција околу проблемот со откупот на тутунот:

Власта е  виновна за ситуацијата затоа што дозволи увоз на тутун во Република Македонија. Тоа влијаеше цената да падне, и истата воопшто да не е рентабилна за нашите тутунари.

Заеви се влезени во тутунскиот бизнис и затоа им одговара ниска цена. Помалку за тутунарите, повеќе за Заеви.

Заев намерно одолговлекува  и не сака да се дојде до решение.

Заев да сакаше да го реши проблемот со моменталниот откуп на тутун ќе ја зголемеше субвенцијата.

Доколку Заев сака да им помогне треба да ги прифати нашите предлози:

1. Зголемување на субвенцијата за тутун 100 %, односно од сегашните 60, 70 и 80 денари субвенцијата да биде 120 денари за трета и четврта класа, 140 за втора и 160 денари за прва категорија тутун, со што ќе се надомести разликата која што во моментот им се случува на тутунарите. Пари за оваа намена има доколку им се скрати од непродуктивните трошења и луксузи кои што си ги изгласа во Буџетот за 2021 година.

2. Државата да интервенира со обезбедување пари и преку Тутунскиот комбинат „Прилеп“ да го откупи вишокот тутун до последното ливче.

3. Под итна постапка да се измени Законот за тутунот и да се врати старото законско решение каде што е забрането увоз на тутун во Република Македонија.

4. Инспекторите од Државниот земјоделски инспекторат секојдневно да бидат распоредени на откупните места со што ќе го следат текот и откупот на тутун.

Почитувани,

Заев купува време со цел да го сузбие незадоволството на тутунарите и преку закани и уцени сака да ги замолчи.

Додека се расфрла со пари за се и сешто, за тутунарите нема пари. Заев свесно носи глад и незадоволство помеѓу македонските тутунари.

Цветан Трипуновски – Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ