Ливерпул го купи голманот на Рома, Алисон, за сума која е рокрдна дадена за еден голман. Алисон потпиша договор на шест години верност за Ливерпул, финалистот во Лигата на шампионите годинава.
Црвените не објавија колкава ќе му биде платата на Бразилецот кој го носи дресот со број 1, но Рома соопшти дека зделката е 72.5 милиони евра.
-За мене и за мојата кариера ова е голем чекор напред – изјави 25-годишниот Алисон, кој претходните две години бранеше за Рома.
Овој е рекорден трансфер за голман, а претходните исто така високи беа тој на Ѓанлуиѓи Буфон за кој Јувентус во 2001 година плати 53 милиони евра. Во Премиер лигата рекордот го држи Манчестер сити кој лани во јуни на Бенфика за Едерсон и плати 40 милиони евра.