Македонската фудбалска репрезентација славеше на гостувањето кај Казахстан со минимални 0:1 во квалификациите за пласман на СП.

Стрелец на единствениот гол беше Александар Трајковски во 33-тата минута од мечот.

Еден ама вреден, за три бода и прво мето, барем до крајот на мечот помеѓу Велс и Белгија кој се игра од 20:45 часот.

Треба да се напомене дека на овој меч нашата репрезентација ја пратеше и среќата бидејќи селекцијата на Казахстан имаше неколку добри шанси, а по еднаш ја погоди гредата и стативата во вториот дел.

Македонија со 4 одиграни меча е на првото место на табелата со 8 бодови, следува Велс со 7 кој вечерва игра против Белгија, која пак одигра само еден натпревар оној во Скопје кој заврши 1:1.

Казахстан има 3 бодови, а Лихтенштајн е без бодови. Вреди да се напомене дека Македонија со 11 официјални меча не знае за пораз.