Со победата од 3:1 во дуелот против Египет, домаќинот на шампионатот Русија се пласираше во вториот круг од натпреварувањето.
Домаќинот уште од самиот старт тргна офанзивно кон голот на Египет, но не успеа да реализира ниту една од неколкуте можности за погодок.
Во редовите на египетската репрезентација настапи првата ѕвезда Мохамед Салах, но и неговото присуство на теренот не донесе некој поголем пресврт во играта.
Во 47-та минута по обидот на Роман Зобнин несмасно реагираше Ахмет Фати, кој ја погоди сопствената мрежа и на Русија и донесе водство од 1:0.
Во 59-тата минута по асистенција на Марио Фернандез, Денис Черишев упати прецизен удар за зголемување на предноста на домаќинот на 2:0, а веќе во 62-та Артјем Ѕјуба постигна нов гол за 3:0 по што беше јасно дека селекцијата на Русија ќе стигне до нов триумф што носи и пласман во осминафиналето.
Почесниот погодок за Египет беше дело на Мохамед Салах кој пеналот досуден од судијата Енрике Касерес по сугестија на ВАР тимот.