Пари Сен-Жермен има намера да се ослободи од тројца аргентински играчи во текот на летото, пишува „L’Equipe“.

Станува збор за Анхел Ди Марија, Мауро Икарди и Леандро Паредес. Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси ќе остане во клубот. Неговиот договор е до летото 2023 година со опција за продолжување на уште една сезона.

Како што е наведено, Ди Марија ќе си замине бидејќи му истекува договорот, иако самиот играч би сакал да остане во ПСЖ. Икарди ќе го напушти клубот бидејќи неговиот настап и вонспортските скандали не и одговараат на раководството, додека за Паредес има поделби во тимот.

Триесет и четиригодишниот Ди Марија оваа сезона одигра 20 првенствени натпревари, постигнувајќи три гола и три асистенции.

Дваесет и деветгодишниот Икарди настапи на 24 натпревари на кои постигна  гола, а 27-годишниот Паредес, одигра 15 натпревари, постигна еден гол и оствари две асистенции.