Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот.
Денеска над 100 автомобили и десетици тешки товарни возила се блокирани на границата меѓу Бугарија и Република Северна Македонија помеѓу граничните премини „Ѓуешево“ и „Деве Баир“.
Во автомобилите запрени на граница се и патници за прославата на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, јавија бугарските медиуми.
Сообраќајот беше во прекин околу 9 часот утринава поради неисправност на системот за контрола на патници и возила, кој беше обновен по 12:30 часот и сообраќајот продолжи да се одвива нормално.