На 25.08.2026 во 09:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Пирок, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген ап“ со тетовски регистарски ознаки управувано од А.Б.(23) од с.Пирок и трактор со тетовски регистарски ознаки управуван од Џ.А.(54) од с.Пирок.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, додека со телесни повреди возачот на патничкото возило „фолксваген“ и неговиот сопатник К.Ф.(28) од с.Пирок, констатирани во Клиничка болница Тетово, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.




