Три лица загинаа во силна експлозија, која речиси уништи еден блок од станови во германскиот град Бремен, информираат службите за итни случаи.

Телата на 41-годишна жена и нејзиниот 7-годишен син биле пронајдени во урнатините. Експлозијата изби во 4:30 по локално време, соопшти полицијата.

Во пожарот настрада и седумдесетгодишна жена од соседната зграда.

–  Експлозијата беше толку моќна што ги уништи внатрешните ѕидови и ги остави само надворешните, изјави портпаролот на противпожарната служба, Михаел Рихартц.

Автомобилите околу зградата настрадаа од парчињата кои се расфрлаа од експлозијата.

– Мислев дека паднал авион, изјави еден сосед на загинатите жени.

Засега не е позната причината за експлозијата, иако властите се сомневаат дека е истекување на гас.

Жителите на сите куќи во радиус од 100 метри од експлозијата се евакуирани. Околу 70 пожарникари се активирани.