По силното невреме што го зафати египетскиот град Асуан, се појавија голем број скорпии кои убиле три лица, а стотина имаат здравствени проблеми по убодот.

Официјален претставник на египетското Министерство за здравство потврди дека повеќе од 450 лица се јавиле на лекар поради за убод од скорпија, пренесува Би-Би-Си.

Невремето проследено со град, обилни дождови и грмотевици во крајбрежниот појас на Нил беше многу силно, а по ваквото време, водата донесе голем број скорпии, понекогаш и змии, на улиците на Асуан и околните градови и села.

Властите обезбедија дополнителни дози противотров за локалните рурални клиники, а дополнителен број лекари се распоредени во селата покрај брегот на Нил.

Убодите од скорпија ретко се опасни по живот, но децата и постарите лица се изложени на најголем ризик да развијат сериозни компликации, според американската здравствена институција Клиника Мајо.

Од вкупно околу 1.500 видови скорпии, 30 можат да убијат луѓе.