Тропската бура Елза, проследена со поројни дождови и силен ветер, го погоди американскиот град Њујорк и Нова Англија.
Невремето предизвика поплави на улиците и нарушување на сообраќајот, најмногу на железничкиот, како и откорнати дрвја.
Бурата го зафати градот Њујорк, еден ден откако беа поплавени градските улици и метро станиците.
Се очекува денеска бурата да донесе поројни дождови на брегот на сојузната држава Мејн, а потоа да ја зафати Канада.