Од Тихиот Океан кон Мексико се движат две тропски бури, од кои едната би можела да прерасне во ураган пред да пристигне до копното, соопшти денеска американскиот Национален центар за урагани.
Првата бура, Вила, за која постои опасност да прерасне во ураган, се наоѓа на околу 400 километри југозападно од мексиканскиот град Манзаниљо. Во жариштето на Вила, која е 21 бура во овогодишната сезона на урагани во Америка, дуваат ветрови со брзина од 110 километри на час.
Според Центарот, се оечкува Вила да стигне до мексиканскиот брег најрано во вторник.
Втората бура, Висенте, се наоѓа на околу 200 километри јужно од мексиканскиот град Салина Круз и во нејзиното жариште дуваат ветрови со брзина од 50 килоемтри на час.
Висенте се очекува да стигне до копното, исто така, во вторник и да погоди делови од Мексико и Гватемала.
Според Центарот, Виснете најверојатно нема да прерасне во ураган, но ќе донесе поројни дождови.