Министерството за внатрешни работи, на чие чело е Оливер Спасовски, од 2018 до 2022 година, од буџетот исплатило (наши народни пари) 1.015.610.894ден или повеќе од 16.000.000 евра само по основ на тужби, објавија медиуми во Македонија.
Во овој период, како што објави порталот Брегалнички, биле поднесени 15.982 тужби, а усвоени 8.046, од кои најмногу се однесуваат на прекршување на правата на работниците/полицајците по разни основи и неисплатени издатоци…
Доколку овие обврски биле навремено реализирани од работодавецот (министерот) и во согласност со ЗРО и колективниот договор, државата ќе заштедела најмалку половина од овие средства, затоа што во голем дел средствата се исплатени по основ камати, адвокатски услуги, судски рочишта и административни трошоци, пишува порталот Брегалнички.
– Денес, на мое големо изненадување, добив „честитка“ од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, со што се потврдува уште еден од илјадниците случаи на политичка и незаконска „тортура“ врз вработени во МВР раководено од кумановскиот тиранин Спасовски, објави на фејсбук Бојан Христовски, претседател на ГК на ВМРО-ДПМНЕ, пренесува порталот Нетпрес.
Во прилог, пишува Нетпрес, илустрација за штета на буџет на Република Македонија, поради самоволието на претседателот во обид на СДССМ:
-Штета од 3 милиони евра годишно, или преку 15 милиони евра исплатени/извршени средства по основ на тужби поднесени од страна на вработени во МВР, поради незаконски постапки на нивна штета, а предизвикани со потпис на т.н. министер. П.С. Со 15 милиони евра може да се изврши речиси целосна замена на возниот парк во МВР, напиша Христовски на фејсбук, а објави Нетпрес.
Министерот Спасовски често објавува прилози на социјалните мрежи за реновирање на згради на полициски станици и за домаќинско трошење на буџетот.