Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска, по ненајавената посета на Киев, истакна дека во Украина ќе биде испратено ново оружје и воена опрема.
По разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Трудо им рече на новинарите дека Канада, исто така, ќе воведе нови санкции за руски поединци и компании поради рускиот напад врз Украина.
Тој додаде дека Канада повторно ќе ја отвори амбасадата во Киев.