Еко активистката Грета Тунберг денеска беше приведена од полицијата во Лондон, откако зборуваше пред демонстрантите на протестите против нафтените и гасните компании во центарот на градот.

Таа оваа година беше приведувана од полицијата или отстранета од протестите во Шведска, Норвешка и Германија.

Тунберг стана заштитно лице на младите активисти за климата ширум светот, откако организираше неделни протести пред шведскиот Парламент во 2018 година.