Турција го разгледува барањето на САД да ја пролонгира набавката на рускиот противракетен систем С-400 до 2020 година, што би можело да ги намали тензиите помеѓу двете земји членки на Алијансата.

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп минатата недела побара од Анкара да го пролонгира приемот на С-400, што според договорот треба да биде испорачан во јули.

Одложувањето на системот С-400 се совпаѓа со евентуалната посета на Трамп на Турција.

САД тврдат дека С-400 е дизајниран за соборување на американски и сојузни авиони, вклучително и Ф-35, во чие производство учествува и Турција.

Американскиот секретар за одбрана Патрик Шанахан претходно изјави дека С-400 е „инкомпатибилен“ со намерата за купување на борбени авиони Ф-35.