Финската премиерка Сана Марин ги повика во вторникот Турција и Унгарија што поскоро да ги одобрат барањата на Финска и Шведска за членство во НАТО.

Унгарија и Турција се единствените две преостанати земји членки на НАТО кои сѐ уште не ги ратификуваа финското и шведското барање за членство.

„Сите очи сега се вперени во Унгарија и Турција. Чекаме оваа земја да ги ратификуваат нашите барања. Мислам дека би било важно тоа што поскоро да се случи“, изјави Марин на заедничката прес-конференција со другите нордиски членови.

Финска и Шведска, по децениските воени соработки и континуираните воени вежби со НАТО и покрај декларираната наводна воена неутралност, во мај ја искористија како изговор руската инвазија во Украина конечно да побараат полноправни приклучување на Алијансата.

Финска и Шведска минатата седмица повторија дека ќе му се придружат на НАТО истовремено, претставувајќи „обединет фронт на Турција“.

Турција претходно соопшти дека меморандумот што го потпиша со Шведска и Финска на маргините на самитот на НАТО во Мадрид не е конечен и дека турскиот парламент можеби нема да го ратификува нивното членство доколку Стокхолм и Хелсинки не ги исполнат своите обврски во борбата против тероризмот.

Официјална Анкара подолго време ги обвинува Хелсинки и Стокхолм дека ги згрижуваат и прифаќаат припадниците на Работничката партија на Курдистан (PKK) која од 1984 година води вооружен бунт против Турција каде што е забранета, а се наоѓа и на листите терористички организации на ЕУ и на САД. Турција, исто така, им забележува на нордиските земји за пружање засолниште на припадниците на FETO, следбеници на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен кој е во егзил во САД а ги обвинува за неуспешниот воен удар во јули 2016 година, и за ембарго на извозот оружје во Турција по нејзината воена интервенција против курдските сили во Сирија.

Трите земји потпишаа меморандум со кој се потврдува дека Стокхолм и Хелсинки ја сметаат PKK за терористичка организација и двете земји се обврзуваат дека нема да ги поддржуваат групациите кои се неприфатливи за Анкара, вклучително и вооружената формација Единици за заштита на народот (YPG) на сириските Курди. Шведска и Финска, исто така, се обврзуваат дека „брзо и темелно“ ќе ги проучат турските барања за екстрадиција.