Министерот за внатрешни работи на Република Турција, Сулејман Сојлу, изјави дека турските безбедносни сили во 2022 година неутрализирале вкупно 1.220 терористи, меѓу кои и 87 истакнати водачи на различни терористички групи, јавува Анадолија.
Сојлу истакна дека минатата година турските сили спречиле 185 терористички напади, вклучително и 18 самоубиствени напади.
Турските власти често го користат терминот неутрализиран, што моќе да значи дека се работи за лица кои се заробени, кои се предале на властите, но и за убиени.
Сојлу уште посочи дека ланската година се приведени вкупно 285.027 непријавени мигранти, од кои 49.518 на море.