Турските медиуми јавија дека полицијата денеска отворила оган врз трактор пред зградата на Парламентот во Анкара откако возачот ги игнорирал повиците да запре.

Весникот „Џумхуриет“ наведува дека тракторот се движел по главниот булевар во центарот на Анкара и дека обезбедувањето на Парламенот го повикало возачот да застане.

Приватната турска НТВ телевизија јави дека мажот бил погоден во ногата и приведен од полицијата.

Не е јасно зошто тракторот се движел низ центарот на градот.