Четиринаесет членови на иранските безбедносни сили, вклучувајќи ги и членовите на револуционерната гарда, се киднапирани денеска на границата со Пакистан, објави државната новинска агенција ИРНА, повикувајќи се на официјални лица кои рекоа дека киднаперите биле членови на терористичката група.

– Тие 14 лица беа киднапирани околу 4 или 5 часот по локално време во граничната област Лулакдан, ја пренесува ИРНА изјавата на неименуван официјален претставник.

Лулакдан се наоѓа во сунитската провинција Систан-Балучестан, која е погодена од судирите на сепаратистичките милитанти и банди кои шверцуваат дрога.