Турските власти во реонот на градот Едрене приведоа 122 мигранти, кои планирале илегално да преминат од Турција во Грција или Бугарија.
Мигрантите, по потекло од Сирија, Авганистан и Алжир, биле откриени во неколку преноќишта и хостели во Едрене и блискиот град Калеичи.
Полициската акција била спроведена по добиените информации дека поголем број илегални мигранти се сместиле во преноќишта и хотели во реонот на Едрене, кој се наоѓа во близина на тромеѓето на границите на Турција, Грција и Бугарија.
Во акцијата учествувале и припадници на полициските единици за борба против тероризмот и за спрелување на иелгалната трговија