Министерството за одбрана на Турција синоќа соопшти дека ракети истрелани од Сирија паднале на во близина на турскиот град Килис и дека нема повредени.

Во соопштението се наведува дека е предизвикана материјална штета во инцидентот.

„Руската Федерација беше известена за да биде пукањето запрено и ние веднаш одговоривме на огнот со одредени цели. Ги предупредивме нашите војници во регионот. Ги следиме понатамошните случувања”, се вели во соопштението.

Килис е град на југот на Турција во близина на границата со Сирија.

Во март минатата година, Турција и Русија се согласија на протокол со кој се повикува на прекин на огнот во Идлиб, а турските и руските сили, како гаранти на примирјето, заеднички спроведоа контролни патроли долж линијата за раздвојување.