Турција ќе издвои 3.2 милијарди евра во проект за производство на сопствени автмобили, соопшти денес Фарук Озлу, министерот за наука, индустрија и технологија.
„Основните параметри на проектот се готови. Ќе инвестираме 3,2 милијарди евра во објект во кој ќе се произведуваат 200.000 електрични автомобили. Ќе има пет модели“, рече министерот Озлу.
Според пресметките придонесот на тој проект на подолг рок ќе биде околу 50 милијарди евра со отворање директни 4.000 работни места, а индиректно околу 20.000 вработувања.
Идејата е да се произведуваат модерни автомобили од сегментите Б и Ц и кои ќе бидат за пет проценти поевтини од нивните роднини.
Компанијата за производство е именувана „Турки аутмобил инишатив груп“ (ТУИГ) која ќе биде во партнерство со пет локални компании кои ќе имаат удел од 19 проценти.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган лани во ноември изјави дека прототипот на првата сопствена марка авомобил ќе биде произведен во 2019 година, а на пазарот ќе се појави во 2021.