Трансјадранскиот гасовод (ТАП) денес во Фиер, Албанија, постави успешно турбо компресор. Тој всушност е срцето на станицата за компресија во Фиер и ќе игра клучна улога во доставата на гас низ гасоводот.

Албанските медиуми јавија денес дека до сега 30 проценти од работите се завршени, а на  проектот работат 210 луѓе.

На свечената церемонија беа премиерот Еди Рама како и повеќе министри, директорот на ТАП, Лука Скјапети, претседателот на ТАП Валтер Пирер и претставници на дипломатскиот кор.

ТАП е една од најголемите инвестиции и ќе има огромна улога во гасификацијата на земјата.

„Денес се одбележува уште еден важен ден на енергетскиот пат  на Албанија. Веруваме дека ТАП ќе биде клучната точка во иднина на ова патување, која ќе придонесе за енергетска безбедност, разновидност и намалување на јаглеродните гасови“, рече Скјапети.

Компресот во Фиер се простира на 162 илјади квадратни метри, односно колку 25 фудбалски игралишта. Работите на изградбата треба да завршат во март в година.