Турскиот суд ги повтори затворските казни изречени против неколкумина поранешни новинари на опозицискиот весник Џумхуриет, иако Касацискиот суд претходно ја поништи пресудата.
Судот повтори претходно изречените пресудите против 12 поранешни соработници и новинари на весници и ги осуди на казни до осум години затвор за „помагање терористички групи“.
Уште еден осуден од истата група, беше ослободен.
Одлуката на судот не предвидува налози за апсење, што значи дека осудените лица кои биле на суд и се на условна казна не мора да се вратат во затвор.
Џумхуриет, голем противник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, ги отфрли сите обвинувања и наведе дека Владата сака да ги замолчи последните остатоци од независните медиуми во Турција.
Според рангирањето за слобода на медиумите на „Репортери без граници“ Турција е на 157 место од 180 места